Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мунтеану, Санда

munteanu_sanda
Санда Мунтеану завршила германски јазик и книжевност во Букурешт и Клуж. Во 1977 год. докторира со труд на тема за временската структура во историските новели на Конрад Фердинанд Мајер. Од 1955 до 1988 год. прво била асистент, а потоа и доцент на Катедрата за германистика во Букурешт. По пензионирањето се посветува на книжевно преведување. Има преведено дела од Конрад Фидлер („Schriften über Kunst“), Kлаус Умбах („Celibidache, der andere Maestro“), Ерих Марија Ремарк („Die Traumbude“; „Gam“; „Das gelobte Land“), Хајнрих Харер („Sieben Jahre in Tibet“), Штефан Андреас („Wir sind Utopia“), Бригите Хаман („Elisabeth: Kaiserin wider Willen“; „Hitlers Wien“; „Winifred Wagner oder Hitlers Bayreuth“), Траудл Јунге („Bis zur letzten Stunde“), Инге и Валтер Јенс („Frau Thomas Mann“), Ирса Сигурдардотир („Das letzte Ritual“), Паскал Мерсие („Der Nachtzug nach Lissabon“; „Der Klavierstimmer“; „Perlmanns Schweigen“) и Катрин Ланге („Die verbrannte Handschrift“).