Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Филипсен, Астрид

philippsen_astrid
Родена е 1942 год. во Кистрин/Одра и како бегалец-дете живеела по војната на различни места. По матурирањето во 1960 год. во Дрезден студирала славистика на универзитетот Хумболт во Берлин и во Белград, а од 1966 год. работи како лекторка и уредничка. Од 1973 год. е слободен преведувач. Во 2000 год. ја добила наградата ,,Пол Селан". Од 1965 год. преведува книжевност од српски, хрватски, босански и словенечки јазик. Има преведено проза и лирика за возрасни и деца, драми, радио-драми, сценарија и многу др., како на пр. песни од Десанка Максимовиќ и Васко Попа, романи од Славенка Дракулиќ, Антоније Жалица, Драган Великиќ или Зоран Живковиќ. Во 2010 год. е објавен избор на песни од Хаџем Хајдаревиќ на германски јазик.