Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Валзер, Роберт

walser_robertРоберт Валзер е роден на 15. април 1878 год. во Бил. Починал на 25. декември 1956 год. при една прошетка по снег. По училиштето учи за банкар и работи во бројни банки и осигурителни компании во Цирих. Неговите песни, објавени 1898 год., мигум од него прават тип од доверба и му го овозможуваат пристапот во книжевните кругови. По објавувањето на неговото дело ,,Составите на Фриц Кохер", 1905 год. го придружува брата си Карл во Берлин, којшто таму сака да се пробие како сликар и сценограф. Еден по друг Валзер издава три романи ,,Браќата и сестрите Танер" (1907), ,,Помошникот" (1908)  и ,,Јакоб фон Гунтен" (1909). Како последица на една психичка криза 1929 год. против своја волја завршува во психијатриска болница, чиишто рамки никогаш повеќе нема да може да ги напушти. По преместувањето од бернската клиника ,,Валдау" во Херизау 1933 год., целосно се откажува од пишување и уште 24 години останува да живее таму како подзаборавен анонимен пациент.