Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Амери, Жан

amery_jane
© Lutz Möhring
Жан Амери е роден 1912 год. како Ханс Мајер во Виена. По завршувањето на училиштето учи занает за книжар, а потоа работи како предавач на Виенскиот Работнички универзитет. Поради своето еврејско потекло во 1938 год. емигрира во Белгија, каде што се приклучува на отпорот. Од 1943 до 1945 год. бил затвореник во концентрационите логори „Аушвиц“ и „Бухенвалд“. По војната Жан Амери живее и работи во Брисел, а во 1978 год. си го одзеде животот во Салцбург. Жан Амери се вбројува во еден од најзначајните интелектуалци на шеесетите и седумдесетите години. Во 1970 год. ја добива 2Германската награда за критика“, а во 1977 год. „Наградата за публицистика“ на градот Виена. Во негова чест во 1982 год. неговата вдовица ја донира наградата за есеистика „Жан Амери“.