Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мурдаров, Влатко

murdarov_vladko
Универзитетскиот проф. д-р Владко Мурдаров, роден 1948 год. во Софија, завршил булгаристика и германистика на софискиот универзитет и работи во Институтот за бугарски јазик на Бугарската Академија на науките. Во 2001 год. се здобива со „Почесниот орден“ на Република Австрија за наука и уметност, во 2002 год. на „Австриската државна награда за книжевен превод“, а во 2004 год. на „Големата национална награда Христо Г. Данов“. Од 2009 год. е член на Европскиот Колегиум на преведувачи. Владко Мурдаров е автор на 15 книги и на повеќе од 880 статии во списанија во Бугарија, Австрија, Германија, Полска, Хрватска и САД. Има објавено преводи на познати автори од германското-говорно подрачје, меѓу кои: Гете, Шилер, Ведекинд, Рилке, Артур Шницлер, Роберт Музил, Еден фон Хорват, Бертолт Брехт, Ерих Кестнер, Елфриде Јелинек, Томас Бернхард, Петар Хандке и многу други.