Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Евстатиева, Здравка

evstatieva_zdravka
Здравка Евстатиева, родена 1962 год., завршила германистика на универзитетот во Софија (оддел преведување и толкување). Од 1995 до 2000 год. предавала по германски гиманазии и работела како предавач за германски јазик и преведување на софискиот универзитет и на Новиот бугарски универзитет во Софија. Од 2000 год. е слободен преведувач и предавач по германски јазик и преведување. Здравка Евстатиева има преведено бројни книги од германски на бугарски јазик. Кон нејзините преводи се вбројуваат бројни  дела од: Јан Костин Вагнер, Дагмар Гајзлер, Беате Делинг, Силвио Блатер, Цое Џени, Хелмут В. Пеш и Хорст фон Алверден, Волфганг Холбајн, Вилхелм Ритер фон Шрам, д-р Валтер Кох и Каролина Хехенкамп. Во 2009 год. ја добива стипендијата „Schritte“ на фондацијата „С. Фишер“.