Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Линднер, Елизабета

lindner_elizabeta

Елизабета Линднер, родена 1971 год. во Скопје, студирала германистика на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и понова германска книжевност и славистика на универзитетот во Регенсбург. Од 2006 год. живее во Берлин како слободна преведувачка и авторка. Таа е уредник на порталот за книжевност slovokult.de, што го основа во -2007 година. Заедно со Игор Исаковски издаваше германско-јазична поезија во Блесок во Скопје. По неговата смрт е лектор за поезија во издавачката куќа. За нејзините преведувачки дострели Елизабета Линднер во 2014 година ја доби Наградата за лирски препев „Григор Прличев“, а во 2011 година за романот "Holzfällen" од Томас Бернхард и Премијата за превод од Министерството за настава, уметност и култура на Австрија.

Повеќе информации...