Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

The wanderers will find a way home

.

751 grrbic copyright Next Page FoundationГодината полека се ближи кон крајот, а последните стипендисти на Традуки веќе се вратија дома.  

Во соработка со Романскиот музеј на книжевноста и Headsome Communication Традуки оваа година за прв пат организира резиденции во Букурешт. Резиденциите претставуваа голем успех и двајцата гости, словенечкиот поет Урош Прах и бугарскиот преведувач Христо Боев, со уживање го искористија своето време. За време на својот престој Прах ја доврши збирката поезија Udor што беше објавена уште следниот месец. Во Букурешт Прах имаше две јавни читања, на кои претстави постари песни, но и извадоци од збирката поезија што требаше да следува. Книжевниот преведувач Боев е фасциниран од книжевната сцена на земјата и веќе има преведено повеќе од 18 романски романи на бугарски јазик. За време на неговиот престој Боев работеше на понатамошни преводи и го посети Институтот за бугаристика на универзитетот во Букурешт. Таму со студентите ги сподели своите искуства и трикови на тема книжевен превод.

Последната авторка која отпатува беше српската писателка Ана Марија Грбиќ, која во соработка со Next Page минатиот ноември престојуваше во Софија. Таму работеше на куси раскази што наскоро треба да бидат објавени како збирка. За време на престојот Грбиќ одржа и две читања, на кои ѝ се претстави на бугарската публика.  

А кој ќе замине на патување во 2020 година? Среќна Нова година!

партнери на проектот

traduki partners 2014 d