Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ахмети, Мимоза

ahmeti_mimoza
Родена 1963 год. како ќерка на еден педагог во северноалбанскиот град Кроја. Уште во годините пред распадот на комунистичкиот режим објавува песни, кои не ретко ја преминуваат границата на уметничката докртина на социјал-реализмот.

И по пресвртот ја задржува радикалноста во уметничките барања невообичаени за албанските прилики. Страствено, а понекогаш и гневно, меѓутоа секогаш суверено  расправа за траумите, табуата и комплексите на албанското општство. Таа не е активна само како писателка, туку работи и во други жанрови, како сликарка и пејачка, што ѝ донесе извесна популарност. Со неконвенционалниот настап и со екстравагантниот стил на живот и творештво, а пред сè поради само по себе разбирливото поборништво за индивидуланите права на жената постојано е изложувана на борби во традиционално (и патријахалното) општество во Албанија, кои не ја оставија рамнодушна. Па така во романот ,,Жената која халуцинира" тематизира една длабока психичка и уетничка криза.

Mимоза Ахмети има објавено бројни збирки поезија, од кои последните се: ,Делириум" и ,,Поленов прав", куса проза и еден роман ,,Архитрав".

Мимоза Ахмет живее со сопругот и двете ќерки.