Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јовановиќ, Зоран

jovanovic_zoran
Зоран Јовановиќ, роден 1942 год., завршил германистика и од 1975 год. е член на Здружението за стручни и научни преведувачи на Србија. Во 1982 год. го основа списанието „Преводилац “ [„Преведувач“] и оттогаш е негов главен уредник. Има напишано обемен учебник за преведување и околу стотина стручни статии. Од 1976 год. предава во рамките на постдипломскиот смер за преведување. Од 1982 год. Зоран  Јовановиќ преведува и толкува за највисоките државни и владини органи, за Индустриската и трговската комора, синдикати, домашни и странски фирми и др. Неговото обемно и разнолико преведувачко дело се протега од белетристика до стручна литература. Во 1985 и 2000 год. е добитник на наградата за преведување од Друштвото на преведувачи, коешто инаку го овенча и со плакета за неговата долгогодишна волонтерска дејност. Од 1988 до1990 год. е претседател на Сојузното здружение на Југославија. Освен тоа е основачки член на фондацијата „Његош“ и заменик претседател на Друштвото „Гете“ во Белград.