Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Почеток на средбата Индиго во Софија

.

741 indigoНа 16. октомври 2019 година во Софија беше свечено отворена „Средбата Индиго“. Во соработка со Министерството за култура на Бугарија, со Здружението на бугарските книжари и издавачи, Традуки и Националниот центар за книги, Гете Институтот во Бугарија во наредните месеци ја организира оваа низа книжевни средби – наизменично во книжевниот клуб Перото и во Гете Институтот.

А констелацијата е следнава: Една личност од бугарската книжевна сцена се сретнува со една личност од германската. Започнаа германскиот поет и есеист Хозе Оливер и младата бугарска поетеса и новинарка за култура Белослава Димитрова, кои заедно со водителката Виолета Вичова поразговараа на темите граници осаменост и миграција. Интересна вечер во Софија по која ќе следуваат уште многу други.  

партнери на проектот

traduki partners 2014 d