Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Од ѕидови до мостови

.

740 oktoberКако дел од низата манифестации Deutscher Oktober – Tetori gjerman писателката Мерал Курајши кој од 1992 година живее во Швајцарија појде на сосем поинакво читачко патување. Со поддршка на фондацијата за култура Про Хелвеција, Традуки, швајцарската амбасада и Амбасадата на СР Германија таа го претстави својот повеќекратно наградуван роман Elefanten im Garten, којшто раскажува за еден живот одбележан од миграција и за потеклото и отуѓувањето.

Патувањето започна на 14. октомври 2019 година во Тирана. На подиумот авторката, чиј роман неодамна излезе на албански јазик, ја придружија преведувачот Енвер Робели и албанскиот писател Ариан Лека, којшто го водеше разговорот во Tirana Times Bookstore. Потоа со автомобил – а како инаку –патувањето продолжи понатаму преку брда и граници. Второто читање се оддржа на 16. октомври во Приштина во Ќендра Мултимедија, третото на 17. октомври, – за Курајши игра на домашен терен –, во Призрен, нејзиниот роден град. Така заврши ова патување полно моќни зборови како и многу други – на почетната точка, имено онаму, од каде што започна сторијата на Мерал.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d