Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Lichter als der Tag

Боне, Мирко.

692 bonne lichterРајмунд Мерт ги познава Мориц и Флориане од детството. Средиштето на нивниот живот претставува една дива градина на работ од селото. Кога им се придружува Ингер, ќерката на еден дански уметник, четворицата создаваат заедница под заклетва, сè додека двете момчиња не се вљубат во двете девојчиња. Ингер се одлучува за Мориц, а Рајмунд и амбициозната Флориане исто така стануваат двојка. Многу години подоцна одново ќе им се вкрстат патиштата на четворицата – за  Рајмунд шанса да размисли за празнината на својот живот без Ингер. Очајно се обидува да се врати кон себе си и да се помири со минатото. Во фуриозното финале поаѓа за Лион поради слика, којашто го маѓепсува како дивата градина во детството.

Lichter als der Tag [Појасно од денот] од Мирко Боне излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Ива Иванова под наслов От ден по-ясна во издание на  Атлантис-КЛ, Софија.