Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мајрекер, Фриедерике

.

mayroecker friederikeФриедерике Мајрекер е родена 1924 година во Виена. Најпрвин го посетува приватното народно училиште, па основното, за на крајот да оди во трговското економско училиште. По матурата го положува државниот испит по англиски јазик и од  1946 до 1969 година работи како учителка по англиски јазик во различни виенски основни училишта. Уште во 1939 година започнува со првите книжевни дела, а седум години подоцна следуваат помали објави на песни. Во 1954 година се запознава со Ернст Јандл, со кого најпрвин ја поврзува само блиско пријателство, за подоцна да му стане и животна сопатничка. По првите објави на песни во виенското авангардно списание План, во 1956 година излегува нејзината прва книга. По неа следуваат поезија и проза, раскази и радиорами, книги за деца и сценски текстови.