Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Антиќ, Иван

.

antic ivanИван Антиќ, роден 1981 година во Јагодина (Србија), е поет и автор на куси раскази. Студирал српски јазик и книжевност и општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Кон неговите публикации се вбројуваат збирките куси раскази Tonus (2009) и Membrane, membrane (2016), последната 2019 година во превод на словенечки јазик. Делови од неговите дела веќе се преведени на англиски, германски, полски, словенечки, албански, македонски и романски јазик. Иван Антиќ и самиот преведува, од словенечки на српски јазик, и е издавач на повеќе книги од српскиот културен центар „Данило Киш“. Од 2012 година живее и работи во Љубљана.