Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Басташиќ, Лана

.

bastasic lanaЛана Басташиќ, родена во1986 година во Загреб, е босанско-херцеговачка писателка. Студира англиски јазик и книжевност, а се стекнува со магистерска титула од областа на културните студии. Кон нејзините публикации се вбројуваат збирки куси раскази, една книга за деца, една збирка поезија и еден роман Uhvati zeca (2019), кој непосредно по објавувањето беше номиниран за наградата НИН. За своите дела таа е добитничка на награди на повеќе книжевни натпревари и книжевни фестивали во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Италија. Лана Басташиќ пишува за бројни книжевни списанија и е коосновачка на Escola Bloom. Живее и работи во Барселона.