Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Наси, Мањола

.

nasi manjolaМањола Наси, родена 1982 година, е албанска поетеса и преведувачка. Докторира во областа на книжевноста на универзитетот во Тирана, каде што моментално предава на Факултетот за странски јазици. Мањола Наси има преведено значајни дела на албански јазик, меѓу кои и збирката есеи на тема футуризам како Pragmatism од Вилјам Џејмс и The Awakening Кејт Чопин. Како поетеса уште многу рано беше добитник на книжевни награди во земјата и странство. Нејзината прва книга, збирката поезија Soneti i vjeshtës беше објавена 2002 година во рамките на еден книжевен натпревар. По подолга пауза повторно продолжи со својата писателска дејност во 2014 година и оттогаш гостуваше на бројни книжевни фестивали. Во 2017 година беше одликувана со една награда од Министерството за култура на Албанија. Нејзината втора збирка поезија Një udhëtim e gjysmë (2018) наиде на големо воодушевување.