Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Пети-Стантиќ, Анита

peti_stanic_anitaАнита Пети-Стантиќ, родена 1966 година во Вировитица (Хрватска), студирала славистика и класична филологија во Загреб. По постдиломските студии на универзитетот во Јеил и на универзитетот во Виена, докторира на тема компаративни синтакси на заменките. Таа ја иницира едицијата „Кријесница“ за литература за деца и млади, а од 2006 година ја уредува едицијата книги за деца и млади „Eлекта“ во издавачката куќа Алгоритам. Освен тоа на филозофскиот факултет во Загреб, на Катедрата за словенечки јазик ги држи предавањата по превод. Анита Пети-Стантиќ има објавено повеќе научни монографии на хрватски и германски јазик и е авторка на обемниот словенечко-хрватски и хрватско-словенечки речник Veliki suvremeni slovensko-hrvatski i hrvatsko-slovenski rječnik. Три години живееше во САД, каде што работеше заедно со професор Реј Џекендоф во Центарот за когнитивни студии на универзитетот во Тaфтс. Таа преведува книжевни и популарно научни дела од англиски и словенечки јазик. Кон нејзините објавени преводи, меѓу останатите, се вбројуваат и книги од Фери Лаиншчек, Горан Војновиќ, Владо Жабот, Андреј Скубиц, Јаља Видмар, Маја Гал Штромар и Тадеј Голоб.