Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Погачник, Јагна

pogacnik_jagnaЈагна Погачник, родена 1969 година во Загреб, студирала кроатистика и јужнословенски јазици. Во 1989 година се објавени нејзините први книжевни критики, есеи и стручни текстови по весници, списанија и на радио. Таа беше уредник на книжевните списанија Ријек и Зор, а од 2000 година почнува да работи како самостојна книжевна критичарка и преведувачка. Од 2000 до 2003 година како книжевна критичарка станува позната во емисијата „Књижница“ а од 2013 година е книжевна критичарка на утринската емисија „Добро јутро, Хрватска“ (ХРТ). А од 2000 година редовно објавува и критики за актуелната хрватска проза во весникот Јутарни лист. Јагна Погачник е член на Хрватското друштво на самостојни уметници. Таа е уредник на бројни антологии и заедно со Милован Татрин има напишано читанка за 5-то одделение. Таа преведува книжевни и стручни текстови од словенечки на хрваски јазик. За нејзиниот превод на книгата Zakon želje од Андреј Блатник беше одликувана во 2000 година од КултурКонтакт Австрија.