Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Клабус, Витал

klabus_vital
Витал Клабус, роден 1932 год. во Шкофја Лока (Словенија), завршил општа и компаративна книжевност во Љубљана. Од 1962-1992 год. работел како еден од двајцата главни уредници на издавачката куќа „Државна заложба Словеније“. Пишува книжевни критики и други статии и преведува од германски, француски и англиски на словенечи јазик. Како преведувач два пати е добитник на наградата  „Совретова награда“, којашто ја доделува Здружението на писателите на Словенија. Витал Клабус има преведено бројни романи (меѓу другото од Алфред Деблин, Херман Хесе, Штефан Цвајг, Петар Хандке, Макс Фриш, Андре Жид, Жан Пол Сартр, Патрик Вајт) како и низа филозофски и научни дела.