Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Витман, Мирјана

wittmann_mirjana
Мирјана Витман е родена 1938 год. во Сараево, а израснала во Белград. Студирала јазици во Хајделберг и 30 години работела во радио, а најпосле како уредничка на Српската Редакција на Дојче Веле. Од 1997 год. работи како слободна новинарка со фокус култура. Мирјана Витман има преведено повеќе дела од германски на српски јазик: „Heute Nacht ist viel passiert“ (Маргарет Кларе), „Das serbische Mädchen“ (Зигфрид Ленц), „Medea. Stimmen“ (Криста Волф) како и изборот поезија од Хиде Домин. Заедно со сопругот Клаус Витман има објавено бројни преводи на германски јазик, меѓу кои дела од Бора Чосиќ, Борислав Пекиќ, Давид Албахари и Дубравка Угрешиќ. Во 2006 год. за „Mutterland“ (наслов на оригиналот „Mamac“) заедно со својот сопруг и авторот Давид Албахари беше добитник на наградата „Мост-Берлин“ за извонреден превод на некое значајно современо дело од книжевностите на Средна и Источна Европа. Во 2011 год. исто така со својот сопруг беше добитник на наградата „Паул Целан“ од Литературниот фонд на Германија за нејзиното преведувачко творештво, особено за преводот на романот „Die Ohrfeige“(наслов на оригиналот „ Pijavice“) од Давид Албахари. Таа живее и работи во Бон.