Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Vodeni zagrljaj

Кључанин, Зилхад.

kljucanin_wasserhochzeitВо овој роман Зилхад Кључанин ја раскажува сторијата за прекрасната Еци и поетот Зери, којшто по одземањето на невиноста на Еци во реката го фрла белиот чаршаф со пупка од роза во средината. Меѓутоа Еци планира да ја напушти босанската татковина, да замине за Париз и да работи како танчерка во "Крејзи Хорс". Кога по пат го отвора прозорецот од возот, го гледа чаршафот како се лелее во реката. Петнаесет години подоцна Еци тргнува во потрага по татко ѝ, стасува до Марсеј, каде што во една градина со рози наидува на еден постар човек, кој пишува речник со зборови на кои им се заканува исчезнување поради премолчување. Таксистот, во когошто се заљубува Еци, го учи нејзиниот мајчин јазик. Сè додека повторно не дојде до војна.

"Свадба на вода" излезе на германски јазик во превод на Астрид Филипсен во издание на "Лајпцигер Литературверлаг".