Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Марија Павловиќ во посета на Скопје

701 pavlovicВо Скопје проектот „Reading Balkans“ оваа година започна со резиденцијалниот престој на писателката Марија Павловиќ од Србија. Времето како стипендистка таа го посвети пред сè на својот докторски труд и на идниот роман под работен наслов „Ризик“. Освен тоа оствари и важни контакти со литературната сцена, а во Струмица учествуваше и на една книжевна манифестација во организација на издавачката куќа Готен. Во разговор со Далибор Плечиќ таму заедно со бугарскиот писател Петер Денчев ја тематизира естетиката на книжевноста и врските во рамките на југоисточната книжевна сцена.