Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Павловиќ, Марија

.

pavlovic marijaМарија Павловиќ е родена 1984 година во Ласковац (Србија). Кон нејзините публикации се вбројуваат романот 24, една збирка куси раскази, една драма и повеќе песни. Нејзиниот расказ Rapid Euro Movement беше објавен на унгарски јазик и во една антологија на современа српска книжевност. Марија Павловиќ веќе има учествувано на повеќе регионални книжевни фестивали, меѓу кои и на фестивалот за кус расказ „Kikinda Short“, на проектот н ЕУ „Writers for the Future“ во Босна и Херцеговина и на црногорскиот фестивал Literatory. Таа живее и работи во Берлин, каде што на Слободниот универзитет Берлин ја пишува и докторската теза.