Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Книжевни резиденции во Цетиње

698 cetinjeСо поддршка на ТРАДУКИ во 2019 година и други автори и авторки можеа да земат учество на програмата „Книжевна резиденција во Цетиње – писатели во историскиот главен град“.

Па така организаторите на Отворениот културен форум OKФ во февруари го поздравија босанско-херцеговачкиот писател Хаџем Хајдаревиќ како стипендист во резиденцијата. Хајдаревиќ посети културно-историски знаменитости во Цетиње и Северна Црна Гора и го искористи својот престој за да работи на својот нов роман и да покрене заеднички идни проекти во областа на босанскиот јазик и книжевност. На јавните манифестации на Факултетот за црногорски јазик и книжевност, во Градската библиотека, како и во центрите за култура Петњица и Плав гостинот го претстави своето дело.

Во март Бојан Кривокапиќ од Нови Сад отпатува како следен резиденцијален стипендист во Цетиње, за таму на лице место да се запознае со културната сцена. Оваа можност ја искористи и за истражување во Националната библиотека, во Градската библиотека во Котор, како и во Градскиот музеј во Пераст. На една книжевна вечер во Народната библиотека „Радослав Љумовиќ“ во Подгорица во разговор со книжевницата Драга Трипковиќ го претстави својот роман Proleće se na put sprema, за кој беше одликуван со наградата „Мирко Ковач“ и проговори за културните врски во рамките на просторот на некогашна Југославија, како и за општествената, политичката и економската ситуација на младата генерација автори. На едно интерактивно предавање на Факултетот за драмски уметности во Цетиње во разговор со Јована Бојовиќ го тематизира настанувањето на книжевното дело. Покрај тоа во соработка со поетесата Станислава Николиќ од 15. до 17. март во Дубровник ја водеше работилницата „Текстоказ“.