Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Етхем Мандиќ како Writer in Residence во Сплит

697 mandicЦрногорскиот научник и писател Етхем Мандиќ во април 2019 година гостуваше во резиденцијалната програма „Марко Марулиќ“ на сплитското здружение KУРС. За време на својот престој се запозна со градот, а меѓу другото, размени искуства со локални писатели и писателки. Неговите посети на познати знаменитости, како на пр. на Диоклецијановата палата, но и на библиотеки и книжарници го инспирираа да напише еден кус расказ, којшто треба да отвори нова нова збирка раскази и ќе биде објавен во списанието АРС на Отворени Културни Форум (OKФ) во Цетиње.