Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Ален Брлек во Тирана

695 brlekСоодветно на Денот на книгата хрватскиот поет Ален Брлек го мина април 2019 година во рамките на резиденцијалната програма „Tirana in between“ во албанскиот главен град. Таму работеше на нови текстови, размени искуства со млади албански поети и учествуваше на повеќе културни манифестации. Па така на 11. и на 17. април партиципира на дебатата „Meeting with the Past“ за пост-тоталитарното и повоеното наследство на Албанија и на земјите од поранешна Југославија.

На Светскиот ден на книгата, на 23. април, на едно читање најпрво ѝ го претстави своето дело на албанската публика.  A потоа на 25. април во барот „Хемингвеј“ следуваше еден трилаог помеѓу Ален Брлек, писателот и книжевен теоретичар Ариан Лека и писателката и антрополог Арманда Хуса. Нивниот разговор за сопствените книжевни искуства, значењето на поезијата во „виртуелната цивилизација“, улогата на писателите во општеството, нивниот социјален ангажман, идејата за Европа како политички и културен предизвик и неопходноста од меѓусебно запознавање на Балканот преку уметностите, привлече бројна публика.

Престојот на Ален Брлек во Тирана имаше голем одек и во албанските медиуми. Извадоци од неговото дело беа преведени на албански јазик и објавени во книжевното списание „ExLibris“.

Медиуми: Шкип, KOHAnet, time.al, Газета Обсервер