Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Чулхај, Мајлинда

culhaj_majlinda
Родена на 02.05.1977 год. во Тирана, Албанија. Студирала германски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана и Меѓународни односи  на универзитетот ,,Кент" во Брисел, Белгија.
Крајот на деведесетитте години работи главно како преведувачка и толкувачка на германски и француски јазик. Од 2000 до 2002 год. локален проект-координатор /толкувачка/преведувачка во ,,Проект за поддршка на индустриско стручно образование во Албанија“ на Германското друштво за техничка соработка (ГДС). Истовремено ја режира и води радио-емисијата ,,Ангел и ѓавол“ во албанското радио „Радио РАСХ“. Од 2002 год. до 2005 год. работи како коресподентка за албанскиот приватен канал  „Њус 24“ во Тел Авив, Израел. По завршувањето на магистерските студии на универзитетот ,,Кент" работи како помошник на Постојаниот претставник на Албанија во ЕУ во Брисел, Белгија. Од 2007 год. живее во Виена, каде што го направи првиот книжевен  превод од германски на албански јазик со романот ,,Смеење до солзи“ од Андреа Грил.