Печати

КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. САРАЕВО 1945 – 1992 – 2019

692 debattenschmiedeВо театарот Виена Валтер Фамлер вечерта на 29. април поразговара со преведувачката и авторка Маша Дабиќ и со босанско-херцеговачкиот писател Дамир Oвчина. „КОВАЧИ НА ДЕБАТИ. Сараево 1945 – 1992 – 2019“, која се одржа во сеќавање на починатиот автор на стрипови Ахмет Муминовиќ, привлече бројна публика.

Тема на разговорот, меѓу другото беше и наградениот роман на Дамир Овчина Kad sam bio hodža, кој со поддршка на ТРАДУКИ беше објавен на германски јазик во превод на Маша Дабиќ.

Заедничката манифестација на Стариот ковач, bahoe books, издавачката куќа Роволт Берлин и театарот Виена беше поддржана од КултурКонтакт Австрија/ТРАДУКИ.