Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Уште еден превод поддржан од ТРАДУКИ „Книга на месецот на Ö1“: „Die Reparatur der Welt“

684 snajderОткако во јануари 2019 година романот „Verlorener Morgen“ на Ева Адамештеану во превод на Ева Рут Веме беше избран за „Книга на месецот на Ö1“, ова одликување повторно го доби еден превод на германски јазик поддржан од ТРАДУКИ: „Die Reparatur der Welt“ од хрватскиот писател Слободан Шнајдер во превод на Мирјана и Клаус Витман.

Во изјавата на Ö1 од книжевниот оддел: „романот е голем поради интензивноста на неговите оделни сцени, кои ги доведуваат до пукање на политичките и идеолошките конструкти, ги откриват менталитетите и им нудат незаборавни настапи на маргиналните ликови. На повеќе од 500 страници без да стежне ни за миг, само се зголемува неговиот интензитет, за потоа да премине во грандиозно финале. Во оваа книга мноштвото животни фрагменти и многуте гласови на оваа оригинална романска симфонија се спојуваат во еден голем завршен хор."