Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

10 година ТРАДУКИ во Словенија: Книжевна вечер со Слободан Шнајдер

671 snajderИ во Љубљана ТРАДУКИ ја прослави својата десетгодишнина и по тој повод го покани хрватскиот автор Слободан Шнајдер на авторски разговор. Неговиот роман Doba mjedi, кој наскоро ќе биде објавен и на германски јазик, неодамна излезе на словенечки јазик. Слободан Шнајдер најпрвин им го претстави своето дело оваа вечер на читателите во соседната Словенија. Преведувачката и актерка Соња Поланк читаше извадоци од нејзиниот превод на романот од Шнајдер. По разговорот, којшто го водеше Роберт Бобниќ од издавачката куќа Заложба ВБЗ со гостинот ТРАДУКИ и Словенечката агенција за книги ЈАК – која 2018 година исто така ја прослави десетгодишнината од своето постоење – на Get-Together.