Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Гостување на Азем Делиу на Крокодил во Белград

690 deluРезиденцијалната програма на белградското здружение Крокодил има една традиција за почит: Како осумдесетти гостин во март 2019 година во рамките на  Reading Balkans во српскиот главен град престојуваше младиот косовски писател Азем Делиу. Делиу, кој важи за мега-ѕвезда на албанско-јазичната книжевна сцена, имаше прилика да ги продлабочи своите постоечки контакти со српските колеги и да оствари нови.  

Кулминација на неговиот престој во Белград беше учеството на тридневната манифестација во Центарот на Крокодил за современа книжевност од 14.–16. март 2019 година, на која под наслов „U susedstvu“ („Во соседството“) дваесет српски и косовски автори читаа од нивните дела и дискутраа еден со друг. Азем Делиу и самиот читаше на 14. март од неговото дело, а на 15. и на 16. март учествуваше на панел-дискусијата на темите „Во туѓи чевли или како се гледаме еден со друг“ и „Една нова епоха или утрето почнува сега“.

Медиуми: Данас