Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Винклер, Јозеф

winkler_josefЈозеф Винклер, роден 1953 година во Камеринг во близина на Патернион во Корушка. По завршувањето на народното училиште, три години ја посетува трговската школа во Вилaх. Откако најпрвин работи во кaнцеларијата на една млекарница во Горна Корушка, ја посетува вечерната Трговска академија во Клагенфурт, a преку ден работи во погонот на една издавачка куќа, којa печати книги од Карл Мај. Од 1971 година работи во администрацијата на новата виша школа за педагогија во Клагенфурт. Во слободното време слуша предавања по германистика и филозофија. Од 1982 година Јозеф Винклер е слободен писател. Тој е добитник на повеќе награди за своите дела.