Печати

ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Лајпциг 2019 година

leipziger buchmesse 2019

Овогодишниот саем на книгата во Лајпциг почна на 21. март со една многу особена вест: Ева Рут Веме беше одликувана со Наградата за најдобар превод на Саемот на книгата во Лајпциг за нејзиниот превод на Verlorener Morgen од Габриела Адамештеану. Од сесрце ѝ честитаме за овој успех!

Бината на ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Лајпциг и во 2019 година беше централно место на средба за сите, коишто сакаат да дознаат нешто ново за книжевноста од Југоисточна Европа. На 20-те манифестации под програмскиот наслов „Found in Translation“ читаа, дискутираа, модерираа и толкуваа 72 учесници и претставија бројни ново објавени книжевни преводи.

Кулминацијата, покрај традиционалната Балканска вечер во сабота од саемот, оваа година беа: Читањето со Марко Диниќ и Бора Чосиќ, вечерната манифестација „И молчешкум да чуеме кои сме“, промоцијата на книгата „Belladonna: Ein verlorener Morgen: Zwei Grandes Dames der europäischen Literatur“ кон големите дела на Даша Дрндиќ и Габриела Адамештеану, „300 години Лихтенштајн“, два разговори во кафулето Европа, меѓу другото и за новото име „Северна Македонија“, и првата промоција на два стрипа.

Најсрдечно им се заблагодаруваме на сите наши партнери, коишто заедно со нас ја овозможија и обмислија програмата „Found in Translation“.

bwd  Set 1/2  fwd
© Тобијас Бом

bwd  Set 1/2  fwd
© Радмила Радовановиќ