Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Волф-Гриесхабер, Катарина

wolf-griesshaber_katharina
Катарина Волф-Грисхабер, родена 1955 год. во Штутгарт, завршила славистика и историја на Југоисточна Европа во Хајделберг и Бохум. Со магистерска титула се здобива со еден труд за Иво Андриќ, а докторира со дисертација за Данило Киш. Катарина Волф-Грисхабер живее и работи како книжевна преведувачка во Минстер. Покрај публикациите за Иво Андриќ, Бора Чосиќ и Владимир Набоков има објавено бројни преводи од босански, хрватски и српски на германски јазик, меѓу кои и дела од Богдан Богдановиќ, Иван Чоловиќ, Предраг Чудиќ, Славенка Дракулиќ, Џевад Карахасан, Данило Киш, Емир Сулагиќ. Во 2008 год. ја добива наградата „Албатрос“ на фондацијата „Гинтер Грас“.