Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Свечено отворање на вебстраницата RomArchive

677 romarchiveПо четиригодишна фаза на изработка на интернет беше пуштена вебстраницата RomArchive – меѓународна дигитална архива на Ромите. 12-те милиони Роми во Европа честопати живеат на маргините на општеството и сè уште се дискриминирани, криминализирани и прогонувани. Речиси и да не постојат позитивни пандани или просветителска дејност за реалноста и богатата култура на Ромите. Особено ретко се слушаат гласовите на самите Роми. Од таа причина настана вебстраницата RomArchive – збирка на уметнички дела од сите жанрови, која непрестано расте и се проширува со историски документи и научни текстови. Главната задача на RomArchive е претставувањето на Ромите: За содржината за секој од десетте оддели на архивата е одговорен тим кустоси. Проектот се изведува со поддршка на Сојузната културна фондација.

Во рамките на фестивалот вебстраницата на RomArchive свечено беше отворена во Академијата на уметностите во Берлин. Од 24. до 27. јануари богатата програма составена од концерти, изложби, филмски проекции, читања, дискусии, како и танцови и театарски претстави го предочи богатството и многустраноста на културната и уметничка продукција на Ромите. Понатамошни манифестации по повод отворањето следуваат во Будимпешта и Букурешт.  

Драго ни е што ТРАДУКИ можеше да го збогати фестивалот со една вечер читања: Српскиот автор Joван Николиќ прочита избрани текстови од Das Orchester der Frauen, die mich verlassen haben и Weißer Rabe, schwarzes Lamm. Гермaнската авторка Анита Авоуси прочита дел од нејзиното автобиографско дело Vater unser. Вечерта ја модерира д-р Беате Едер-Јордан, кустос на Одделот за книжевност од архивата, и направи вовед во одделот за книжевност на архивата. На тема „Ниту млада, ниту недоволно развиена. Книжeвноста на Ромите“ во балканските земји продискутира бугарскиот културолог д-р Софија Захова.  

bwd  Set 1/2  fwd

Медиуми: Берлинер Цајтунг, Дојчландфунк, Дојче Веле, Фокус, Франкфуртер Рундшау, тац