Печати

Гостување на Томас Фрам во Куќата за книжевницу и преведувачи Софија

678 frahmКуќата за книжевници и преведувачи на фондацијата Next Page во декември го поздрави германскиот автор и преведувач Томас Фрам како стипендист во резиденцијалната програма во Софија поддржана од ТРАДУКИ. За време на неговиот четиринеделен престој таму се посвети на преводот на вториот том од делото на Милена Кирова за историјата на бугарската книжевност. Покрај тоа, својата посета ја искористи и за да оствари нови контакти со писатели и преведувачи.

На една манифестација во Куќата за книжевници и преведувачи Томас Фрам на 5. декември со Кристин Димитрова продискутира за сликите на Бугарија во германската книжевност. На 11. декември во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал учествуваше на една диксусија, на која под модерација на Јана Генова, поразговара за прашањата за книжевниот превод од бугарски на германски јазик.