Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Почесна програма „Четири земји – еден јазик“ во Софија

676 sofiaВо рамките на 46. Меѓународен саем на книгата и 6. Меѓународен книжевен фестивал во Софија ТРАДУКИ заедно со понатамошни партнери го поддржа настапот „Четири земји – еден јазик“. Под ова мото почесната програма на фестивалот од 11. до 16. декември беше посветена на германско-јазичната книжевност, со гости од Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн.

На темата „Како се отвора архива на тајната полиција?“ продискутираа Илија Тројанов, План Дојнов, Гермина Нагат и Томас Кригер, под модерација на Диана Иванова, за искуствата со пребродување на комунизмот и отворањето на досиејата од Државната комунистичка безбедносна служба во Бугарија, Романија и Германија.  По повод десетгодишнината од постоењето на ТРАДУКИ режисерката Валериа Валчева, заедно со нејзиниот ансамбл, изведе еден извадок од романот на Михаел Кумпфмилер Die Herrlichkeit des Lebens, кој со поддршка од ТРАДУКИ излезе на бугарски јазик во превод на Гергана Фиркова.