Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Резиденцијалната програма „Марко Марулиќ“: Гостување на Винко Медерндорфер во Сплит

672 vinkoВо ноември познатиот словенечки писател, сценарист и режисер Винко Медерндорфер како резиденцијален стипендист беше гостин на здружениото КУРС. Четиринеделниот престој го посвети на работата на неговото ново дело. Покрај тоа оствари средби со претставници од словенечкото културно друштво Триглав.

Неговите импресии од Сплит му дадоа инспирација за понатамошни текстуални и визуелни проекти. На 19. ноември Винко Медерндорфер ѝ се претстави на јавноста на една книжевна вечер од низата Диску(р)сија заедно со хрватскиот режисер Дан Оки. Под модерација на Марио Главаш двајцата гости водеа интересен разговор за животот во Словенија, за книгата и за филмот.