Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

10 години ТРАДУКИ во Романија: Книжевен разговор со Габриела Адамештеану и Инго Шулце

669 bukarestДесетте години ТРАДУКИ воспоставија важен мост помеѓу романската и германската книжевна сцена. По овој повод на 22. ноември во Букурешт се одржа книжевна вечер со Габриела Адамештеану и Инго Шулце.

Германскиот амбасадор, неговата екселенција Корд Мајер-Клот и Антје Конциус во нивните говори по повод отворањето проговорија за современите германско-романски културни врски и за тоа како би можеле да се обликуваат во иднина. Од почетокот ТРАДУКИ поддржуваше книжевни преводи од романски и на романски јазик. Оваа соработка уште повеќе се зајакна со пристапот на Романија кон мрежата во 2015 година.  

Главниот дел на вечерта го претставуваше книжевниот дијалог помеѓу романската писателка Габриела Адамештеану и германскиот автор Инго Шулце, под модерација на новинарот за култура и превдувач Матеј Мартин. По едно читање од нивните актуелни дела гостите, меѓу другото, поразговараа и за комунистичкото минато на ГДР и Романија како и за тоа, во која мера книжевноста е кадарна да го рефлектира и „документира“ ова време, кое сè уште ни се чини толку блиско, а кое сепак веќе претставува дел од историјата. Широка публика од преведувачи, издавачи, новинари и културни дејци, меѓу кои и Томас Клоибер од Австрискиот културен форум на Букурешт, со интересни прилози даде свој прилог во дискусијата.

Книжевната беше беше организирана со поддршка на Гете Институтот Букурешт, ТРАДУКИ и Headsome Communication со поддршка на Книжевниот музеј на Романија и на Министерството за култура на Романија.

bwd  Set 1/2  fwd