Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Албанија земја во фокусот: Гостување на албански писатели во Австрија

667 schwerpunkt albanienАвстриското сојузно министерство за Европа, интеграција и надворешни работи во 2018 година го стави фокусот врз соработката со Албанија. Тоа даде повод, заедно со Традуки, да се стави и книжевниот фокус врз неа.

Сè започна со едно читање со албанско-австрискиот писател Илир Фера во Клагенфурт, кој го промовира својот нов расказ „Wir gibt es nicht“. По интересната дискусија на крајот се распродадоа книгите на масата за продажба книги и многу од посетителите посакаа да се организира продолжение на оваа низа читања.

Љуљета Љешњаку на 13. ноември заедно со нејзината преведувачка Aндреа Грил гостуваше во Салцбург во новата Градска библиотека. Во соработка со Литературниот форум Столна лампа и Пролит поканија на една вечер под наслов „Чекајќи една песна“ на читање и дискусија за процест на пишување, уметноста на преведувањето и книжевниот живот во Албанија. Слушателите, меѓу кои и претставници на универзитетот, писатели и Албанци што живеат во Салцбург, беа многу импресионирани од песните на Љешњаку.

bwd  Set 1/2  fwd

Кулминација претставуваа читањата во рамките на Книга Виена (7.-12.11.2018). Во четири одделни читања на саемот заинтересираните посетители на саемот ги запознаа Илир Фера, Aриан Лека, Aгрон Туфа и Линдита Арапи и очигледно многу им се допаднаа нивните текстови. Вечерта во Австриското друштво за книжевност на 9. ноември во поголем дел ја насочи дискусијата за тешкото наследство и книжевната обработка на историјата. Пет видео изјави, продукција на Агрон Туфа со уметничката група МЕМО, уште еднаш покажаа, колку е важно сеќавањето при обликувањето на сегашноста и иднината.