Печати

Гостопримство и непријателство: Петта мобилна книжевна резиденција во црногорското Челобрдо

.

666 celobrdoОд 15.-22. октомври се одржа средба на шест писатели и писателки на петтата мобилна книжевна резиденција во Челобрдо до Будва (Црна Гора), каде што заедно продискутираа за поимите гостопримство и непријателство.

Со поддршка на ТРАДУКИ, Градот Будва и Министерството за култура и информации на Србија овој особен проект го изведоа организациите ЗМУЦ (Белград), За Друга (Петровац) и Џета Центра (Тирана).

Шестмината гости ­– Никола Николиќ (Подгорица, Црна Гора), Луиза Боухараоуа (Загреб, Хрватска), Мили Ѓукиќ (Мостар, Босна и Херцеговина), Дијана Mатковиќ (Љубљана, Словенија), Иван Тобиќ (Смедерово, Србија) и Горан Стојичиќ (Белград, Србија) се претставија на две јавни манифестации во Подгорица и Будва. Нивните импресии ги запишаа во блог-прилозите на порталот SEEcult.org.

666 celobrdo big

Medien: Radio Televizija Budva - Amfiteatar