Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Програма Writer-in-Residence Сплит: Јаел Инокај

664 inokaiСо една стипендија од фондацијата Про Хелвеција младата швајцарска поетеса Јаел Инокај имаше прилика да живее и работи во Сплит. Четиринеделниот престој го организира здружението КУРС, кој повеќе од десет години таму ја спроведува програмата Writer-in-Residence поддржана од ТРАДУКИ.

За време на нејзиниот престој Јаел Инокај му се посвети на пишувањето и запознавајќи се со околината остави да ја инспираат новите места, островите и далматинскиот приморски град. На 14. септември се претстави себе и своето дело заедно со италијанскиот писател Џовани Аљонолони и хрватскиот автор Игор Рајки на книжевната вечер од низата Диску(р)сија. Во разговор со модераторката Патриција Хорват гостите продискутираа за ситуацијата на книжевната сцена во Швајцарија, Германија, Италија и Хрватска, за можностите, да се живее од книжевност и за важната улога што ја играат книжевните преводи и резиденцијалните престои во посредувањето меѓу јазиците и културите.