Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Фришмут, Барбара

frischmuth_barbara
© juergen-bauer.com
Барбара Фришмут е родена 1941 год. во Алтаусзее (Штаерска). Студирала турски и унгарски јазик, а од 1964 до 1967 год. и ориенталистика во Виена. Живее и работи како слободен писател во Алтхаусзее. Позначајни дела: ,,Манастирското училиште" (1968); ,,Исчезнувањето на сенката на сонцето" (роман, 1973); трилогијата: ,,Мистификацијата на Софија Зилбер" (1976), ,,Ами или преобразбата" (1978) и ,,Кај и љубовта кон моделите" (1979); трилогијата: ,,Господарка на животните" (1986), ,,За односите" (1987) и ,,Меѓусебно дете" (1990); ,,Вештерско срце" (раскази, 1994); ,,Писанието на другарот" (роман, 1998); ,,Коров и самовилска ракавица. Книжевен градинарски дневник" (1999) и ,,Таинственото во нетаинственото. Три говори" (1999). Бројни книги за деца (последна „Алиса во земјата на чудата" според Левис Карол), Радио- и телевизиски драми.