Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Absolute Modern: Тања Ступар-Трифуновиќ во Скопје

662 tanja stuparВо септември писателката Тања Ступар-Трифуновиќ од Босна и Херцеговина гостуваше како резиденцијална стипендистка во Скопје.

За време на нејзиниот престој на програмата Writer-in-Residence „Absolute Modern“ поддржана од ТРАДУКИ, а изведена од издавачката куќа Готен зеде учество на три манифестации на книжевниот фестивал „Друга приказна“: Во разговор со Владимир Јанковски таа им се претстави на македонските читатели, а освен тоа учествуваше и на една дебата, и заедно со другите гости на фестивалот беше дел од едно јавно читање. Покрај тоа Тања Ступар-Трифуновиќ го искористи времето во Скопје и за работата на манускриптот за нејзиниот нов роман.