Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Промоција на книга во Тирана: Пол Селан, Mohn und Gedächtnis

668 tiranaСо преводот поддржан од ТРАДУКИ од Пол Селан Mohn und Gedächtnis за прв пат излезе една книга од значајниот поет во препев на албански јазик. Тоа беше повод за промоција на книга на Саемот на книгата во Тирана, на која присуствуваа албанската министерка за култура Мирела Кумбаро-Фурџи, германската амбасадорка Сузане Шитц, нејзиниот австриски колега Јоханес Затлер и Антје Конциус како претставничка на ТРАДУКИ.

Манифестацијата што се одржа на 15. ноември наиде на голем интерес особено кај бројните студенти по германистика. Препевот од Анрила Спахија (Ана Кове) беше објавен во издавачката куќа Тоена.

bwd  Set 1/2  fwd

Фотографии: © Аднан Беки