Печати

Ноќно сјаење. Меѓународна средба на преведувачите на германско-јазична книжевност

.

berlin uebersetzerwerkstattЛитературниот колоквиум Берлин (LCB) распиша меѓународна средба на преведувачи на книжевност од германско-јазичниот простор. Учесниците во рамките на еднонеделниот семинар од17.-24. март 2019 година ќе добијат можност да се запознаат со актуелниот развој во германско-јазичната книжевна сцена и преку личните контакти со авторите, издавачите и критичарите, но и со колегите во други земји и да станат дел од една мрежа во постојан раст. Во програмата се вклучени и посетата на Саемот на книгата во Лајпциг и претставување во тамошниот Центар за преведувачи. Рокот за пријавување е 20. ноември 2018 година.

Меѓународната средба на преведувачи е поддржана од ТОЛЕДО – една програма на фондацијата Роберт Бош и на Германскиот фонд на преведувачи. Понатамошни коперациони партнери се швајцарската фондација за култура ПроХелвеција, Гете Институтот и фондацијата С. Фишер.  

Конкурс (Германски јазик)