Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Новаковиќ, Душко

.

novakovic duskoДушко Новаковиќ, роден 1948 година во Подгорица, е поет и преведувач. Тој е коосновач на Српското книжевно друштво, а бил уредник на книжевните списанија Књижевна реч, Књижевне новине и Овдје. Неговата прва збирка поезија Znalac ogledala ја објави во 1976 година. Следуваат уште многу други. Душко Новаковиќ е добитник на бројни награди за својата поезија. Кон неговите бројни преводи од македонски јазик се вбројуваат дела од: Ристо Лазаров, Радован Павловски, Славе Горго Димоски, Тодор Чаловски, Блаже Конески, Звонко Танески, Наташа Бунтеска, Јовица Тасевски, Лидија Димковска, Вера Ацевска и Игор Исаковски.