Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ѓукановиќ, Маја

djukanovic majaМаја Ѓукановиќ, родена 1962 година во Љубљана, завршува основно училиште и јазична гимназија во Белград, потоа студира на Филозофскиот факултет, каде што во 1992 се стекнува со магистерска, а во 2004 година и со докторска титула. Од 1989  година работи за Филозофскиот факултет во Белград. Денес предава таму како редовен професор по словенечки јазик и книжевност. Во 1986, годината кога дипломира, започнува со преведувачка дејност. Маја Ѓукановиќ е приредувач на повеќе изданија со преводи од студенти од словенечки јазик, како и автор и коавтор на бројни научни публикации од областа на словенистиката, меѓу другото, и на една граматика на словенечкиот јазик и на еден српско-словенечки и словенечко-српски речник. Нејзиниот интерес особено е насочен на споредбата на српската и словенечката грматика, теоријата на превод и на предметот Словенечки како странски јазик. Нејзините преводи на книги опфаќаат книжевни дела од словенечки и српски автори, како и стручни книги од различни области.