Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Божиќ, Мирко

.

bozic mirkoМирко Божиќ, роден 1982 година во Мостар, студирал на Филозофскиот факултет. Тој пишува поезија, проза и есеи и работи како книжевен преведувач. Освен тоа пишува и колумни за порталот Литература и објавува рецензии на порталот Модерна времена. Мирко Божиќ го основа регионалниот книжевен фестивал Полигон во Мостар и како гостински автор учествува на повеќе книжевни фестивали и резиденции во земјата и странство. Неговото дело, за кое повеќекратно е одликуван, опфаќа три збирки поезија, монографијата Mostar iza kulisa (2017) и романот Kristalno zvono (2017). Неговите текстови беа објавени на француски, шпански, дански, полски, чешки и германски јазик.